Шведска тврди: Има ризик Русија да не нападне

Од:

Безбедносните ризици на Шведска се зголемија во текот на изминатата година бидејќи Русија, поради војната во Украина, ги зајакнува своите воени капацитети.

Ова денеска го соопшти шведската разузнавачка и безбедносна служба (MUST).

Минатата година, шведската служба за разузнавање и безбедност направи оценка дека Русија претставува јасна и непосредна воена закана за Шведска, но наведувајќи дека руските сили се главно окупирани со војната во Украина, пренесува Ројтерс.

По руската инвазија на Украина, Шведска поднесе барање за членство во НАТО во 2022 година, откажувајќи се од долгогодишниот статус на воена неутралност, а во таа земја се надеваат дека процесот за влез во НАТО ќе биде завршен во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски