Шведска прекинува со присилната стерилизација на луѓето кои сакаат да го променат полот

Од:

Шведска денеска ја укина принудната стерилизација врз трансексуалците за време на операции за промена на полот, пренесоа француските медиуми повикувајќи се на шведските судски власти.

Оваа забрана влезе во сила на денот кога влезе во сила и одлуката на Апелацискиот административен суд во Стокхолм, со која принудната стерилизација се прогласува за противуставна.

Во одлуката на судот се посочува дека таа и противоречи и на Европската конвенција за правата на човекот.

На овој начин судот го заштити правото на едно конкретно лице во Шведска, чиј идентитет не беше откриен, и кое го оспоруваше барањето да се подложи на стерилизација само затоа што сака да го смени својот пол. Одлуката беше донесена уште во декември.

Принудната стерилизација е во сила во Шведска од 1972 година, кога беше донесен закон за сексуална идентичност. Во 1999 година парламентот на Шведска донесе закон, што предвидуваше обештетување од 175.000 круни (над 20.000 евра) за жртвите на принудната стерилизација.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица