Шведска поради неисплатливост го укинува масовното тестирање за ковид

Од:

„Дојдовме до точка во која трошокот и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани”, изјави синоќа за шведската национална телевизија директорка на Заводот за јавно здравство, Карин Тегмарк Висел.

Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила уште од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање на коронавирус.

Од среда, граѓаните со симптоми на ковид-19 чија состојба не бара хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во јавниот здравствен систем, туку капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари и ранливи лица.

„Обемното тестирање на сите луѓе кои имаат ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Општествените ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки“, изјави Тегмарк Висел.

Таа вели дека кога сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на заразата, тогаш тоа би се исплатело.

„Мора да се придржуваме до важечките закони, а тие предвидуваат дека заводот за јавно здравство не може да го следи само она што е најдобро, туку своите одлуки и мерки мора да ги стави во корелација со општествените ресурси. За време на целата пандемија ја следевме рамнотежата помеѓу трошоците и придобивките“ – објаснува директорката на Заводот за јавно здравје.

Шведска потроши околу две милијарди евра на тестови од почетокот на пандемијата. Данска пак веќе ги укина епидемиолошките мерки на 1. февруари, но сè уште ги тестира граѓаните за коронавирус.

„Сè уште е важно да тестирате при појава на симптоми. Ова може да биде клинички релевантно за поединечни пациенти. Доколку симптомите се развијат во сериозна болест, потребна е дијагноза дали се работи за ковид-19, грип или нешто трето“, рече Сорен Бростром, директор на данскиот завод за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица