Шведска од први април ги укинува сите антиковид мерки

Од:

Шведската Влада денеска објави дека од 1 април ќе се укине забраната за влез во државата за граѓаните на земји кои не се членки на Европска Унија. Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против Ковид-19.

– Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи да ја укине забраната за земјите надвор од европскиот блок, изјави министерот за правда Морган Јохансон.

Забраната за влез на граѓани надвор од ЕУ беше воведена во март 2020 година и постојано се продолжуваше до 31 март.

Во Шведска од 1 април Ковид-19 повеќе нема да се класифицира како закана за јавното здравје и опасност за општеството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници