Шведска не сака во НАТО

Од:

По неколкудневни нагодувања околу влезот во НАТО, пристигна објаснувањето од Шведска. Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист изјави дека неговата земја нема да се придружи на НАТО, се додека тој е министер за одбрана.

Хултквист за шведската државна телевизија изјави дека во ноември минатата година исто така изјавил дека Шведска никогаш нема да биде членка на НАТО додека е тој министер.

„Имам исто мислење и сега. Сега исто така го кажувам истото, но без употреба на зборот „никогаш“. Ситуацијата во која се најдовме ме научи да не го користам зборот „никогаш“’, рече тој.

Нагласи дека Шведска не планира членство во НАТО поради сигурноста на околните региони.

„Членството на Шведска во НАТО би значело суштинска промена на безбедносниот концепт. Ова би влијаело на сигурноста на нашето блиско опкружување“, рече тој.

Би можело да ве интересира

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година