Шведска не сака во банкарска Унија

Од:

Шведскиот министер за финансии Андерс Борг изјави дека неговата земја би можело да остане надвор од планираната Европска банкарска унија.

Тој посочи дека тоа би имало ограничено финансиско влијание врз државата.

Борг во шведскиот парламент рече дека верува оти земјата може да остане надвор од оваа унија, без поголеми последици на домашниот финансиски систем, трошоците на задолжување на домаќинствата или пристапот на компаниите до финансирање, пренесе француската новинска агенција АП.

Лидерите на ЕУ, на самитот закажан за 13 и 14 декември во Брисел ќе се обидат да ги надминат разликите и да се договорат за формирање на заедничко регулаторно тело за надгледување на банките, што би било прва фаза за зајакнување на финансиската супервизија, во со криза зафатената еврозона.

“На крајот на краиштата, се работи за тоа дали правилата на Европската банкарска агенција (ЕБА) ќе значи дека со земјите надвор од еврозоната ќе доминираат оние земји кои се дел од тој блок”, истакна Борг.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро