Шведска: „Најлошиот сериски убиец” го повлече признанието, следи повторно судење

Од:

Судот на северот на Шведска денес донесе одлука за повторно судење на човекот обвинет за тројно убиство, откако тој го повлекол своето признание дадено во текот на деведесеттите години.

Во образложението на својата одлука, судот истакна дека постојат одредени сомнежи во врска со признанието на “серискиот убиец” Стуре Бергвал. Тоа се смета за најлош сериски убиец во Шведска.

Бергвал, кој себе се нарече Томас Квик, го повлече признанието од 2008 година, велејќи дека бил под влијание на лекови, а и за да го привлече вниманието. Уште пет обвиненија за убиство отфрлени се во претходните две години. Бергвал ги признал и убиствата за кои не бил осуден.

Неговиот адвокат, Томас Олсон рече дека ако Бергвал биде ослободен на повторното судење, би можел да излезе на слобода до крајот на годината.

Бергвал е осуден во јануари 1996 година. за убиство на холандскиот брачен пар Маринус и Јан Сетегуис, кои беа избодени со нож во 1984 во местото Апојауре.

Тој во ноември 1994 година. е осуден за убиство на петгодишниот Чарлс Зелмановиц, кој исчезна во местото Пита во 1976 година и чии остатоци беа пронајдени во 1993.

Обвинителите сега ќе испитуваат дали во овие случаи, обвиненијата ќе бидат отфрлени.
Бергвал призна дека извршил повеќе од 20 убиства во Шведска, Норвешка и Финска, често опишувајќи како ги масакрирал жртвите, а во најмалку еден случај, тој ги изел деловите од телото на жртвата.

Критичарите укажуваа на недостаток на форензички докази во овие случаи.

Бјорн Асплунд, татко на 11-годишната жртва Јохана Асплунд, за чие убиство во 1980. Бергман е ослободен минатата година, рече дека отсекогаш верувал дека Бергман е невин.

– Конечно е потврдено она што сите ние го знаевме, а тоа е дека Квик нема никаква врска со убиствата – изјави таткото на жртвата.

Асплунд, изјави на шведското радио дека “оваа фарса” предолго траела и дека сите правосудни органи знаеле дека нешто суштински е погрешно.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица