Шведска на 23 октомври забележа рекордни 1.870 случаи

Од:

Шведска, чија „порелаксирана“ стратегија за борба против Ковид-19 привлече големо внимание, на 23 октомври регистрираше 1.870 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, покажа денешната статистика на здравствената агенција.

Претходниот рекорд беше 1.698 дневни случаи забележани кон крајот на јуни. Здравствената агенција наведе дека врвот во текот на пролетта веројатно бил многу поголем, но дека не бил забележан поради помалку тестирања.

Официјалниот број смртни случаи во Шведска е намален за петнаесет случаи од петокот и сега изнесува вкупно 5.918 смртни случаи. Не беше дадено никакво објаснување за намалувањето, но бројот на смртни случаи претходно беше променет откако беше утврдена вистинската причина за смртта.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколку пати поголема отколку во нејзините нордиски соседи, но пониска од некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски