Шведска и понатаму не сака во банкарска унија со ЕУ

Од:

Шведскиот министер за финансии Андерс Борг изјави во Стокхолм дека неговата држава би можела да остане вон планираната европска банкарска унија и истакна дека тоа би имало само ограничено финансиско влијание врз таа држава.

Министерот Борг во шведскиот парламент смета дека државата може да остане надвор од таа унија без какви било големи последици за домашниот финансиски систем.

Лидерите на ЕУ на самитот закажан за 13 и 14 декември во Брисел ќе се обидат да ги надминат меѓусебните разлики и договорат за основање заеднички регулаторен орган за надзор на банките.

– Се работи за тоа дали прописите на Европската банкарска агенција ќе значат дека врз државите вон зоната на еврото ќе доминраат тие држави, кои се во тој блок, изјави Борг.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер