Шведска го зајакнува притисокот врз Русија

Од:

Шведскиот премиер Стефан Ловен денеска ќе ја започне својата работна посета на главниот град на Украина, Киев. На агендата се предвидени потпишување на билатерален договор за финансиска поддршка и разговори со украинскиот државен врв, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Премиерот Ловен ќе го посети Киев на шведска иницијатива, а освен разговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук, ќе има средба и со лидерот на кримските Татари – средба со која ќе биде потенцирано дека Шведска не ја прифаќа руската анексија на Крим.

Со билатерланата спогодба што ќе биде потпишана во Киев Шведска ќе и понуди помош на Украина во спроведувањето на реформските зафати.

Но најголемиот дел од разговорите ќе биде посветен на ситуацијата во источна Украина и за тоа што се бара од ЕУ-членките за зголемување на притисокот врз Русија за почитување на договорот за прекин на огнот.

Идната недела ќе се одржи средба на шефовите на држави или влади во Европскиот совет при што ќе бидат разгледани актуелните состојби во конфликтот меѓу Русија и Украина. Притоа шведскиот премиер ќе ги презентира заклучоците од денешните разговори во Киев.

И покрај извесни спротиставени гледишта ЕУ досега истапува со заеднички ставови кога станува збпор за санкциите против Русија, пишува „Дагенс нихетер“.

Шведска смета дека санкциите треба да продолжат се додека не стане јасно дека се присутни конкретни знаци на подобрување на ситуацијата во источна Украина. Официјален Стокхолм исто така смета дека ЕУ-членките треба да бидат подготвени и за зголемување на притисокот врз Русија со дополнителни санкции.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он