Шведска го обнови налогот за апсење и екстрадиција на Џулијан Асанж

Од:

Апелациониот суд на Шведска денеска одново го потврди налогот за апсење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, што првпат беше издаден уште во 2010 година.

Шведските правосудни власти побараа уште тогаш екстрадиција за поранeшниот австралиски хакер, врз основа на европската потерница која се применува меѓу земјите од ЕУ.

Во Шведска тој е обвинет за силување и за сексуално насилство врз две жени од Стокхолм.

Британските власти го притворија Асанж, а потоа со кауција од 250.000 фунти, што ја платија за него неговите приврзаници во Велика Британија, му дозволија да се брани од слобода, додека траеше процесот околу тоа дали тој треба да им се предаде на Швеѓаните. Во тој период Асанж мораше да живее на иста локација и редовно да се пријавува навечер во судот кој ја одобри кауцијата.

Судот во Лондон на крајот пресуди основачот на Викиликс да се екстрадира во Шведска, а таквата пресуда подоцна ја потврдија и Апелациониот и Врховниот суд.

Кога започна постапката за префрлување во Стокхолм, Асанж побегна од куќата во која требаше да живее и се сокри во зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Оттогаш, веќе три години тој живее во една преуредена просторија во дипломатската мисија на оваа латиноамериканска земја, откако властите во Кито му дадоа политички азил.

Асанж уште на првите сослушувања, а и сега тврди дека не е виновен за силувањето и се брани оти станува збор за политички процес чија цел е тој, преку Шведска да биде префрлен во САД, за да му се суди за објавувањето на доверливите и службени документи на Пентагон и на Стејт Департментот.

Британските власти кои сега го обвинуваат за непочитување на судската одлука за кауција, претходно соопштија дека Асанж мора да се префрли во Стокхолм на сослушување, но дека претходно ќе биде уапсен ако ја напушти еквадорската амбасада.
Владата на Еквадор настојува да преговара со Лондон околу случајот со Асанж и бара да му биде дозволено тој да премине до некој од лондонските ародроми, за да замине за Кито, но британските власти не се согласуваат со тоа и инсистираат тој да биде префрлен во Шведска.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица