Шведска: Чистачкa укралa воз и удрилa во куќа

Од:

Еден локален воз во околината на Стокхолм ноќеска излета од шини и удрил во една куќа, јави дописникот на МИА.

Тоа се случило откако возот пристигнал на последната станица на пругата Салтсјо и неможејќи да закочи го пробил граничниот ѕид на завршетокот на пругата.

Според операторот „Арива“, кој го регулира сообраќајот на споменатата пруга, возот бил ставен во движење од страна на едначистачка.

– Возот без дозвола бил земен од депото, рече Томас Хедениус, комуникациски шеф при „Арива“.

Шведската текевизија јави дека во возот немало патници, а единственото повредено лице при несреќата е чистачката која го возела возот. Засега не се познати мотивите во врска со оваа кражба, која, според полицијата, се одвивала како на филм.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро