Шварценберг испрашуван во врска со корупциската афера во Чешка

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг и претседател на партијата ТОП 09, бил испрашуван од полицијата во врска со корупциската афера во која учествуваа тројца пратеници на владејачката коалиција, а која беше откриена деновиве.

Како што јави дописникот на МИА, тројцата поранешни пратеници, членови на Граѓанската демократска партија (ОДС), Петр Тлухор, Иван Фукса и Марек Шнајдер се обвинети дека барале противуслуга кога се откажаа од нивните мандати откако не сакаа да гласаат за важни владини закони.

Тие се во притвор и се осомничени за поткуп, односно за стекнување на економска корист во замена за пратеничкиот мандат, во што е вмешана и најблиската соработничка на премиерот Петр Нечас, Јана Нагиова.

Шварценберг. претходно, призна дека владината коалиција била уценувана од тројцата „бунтовници“ на ОДС и дека за откажувањето од пратеничките места морале да им обезбедат функции во државни фирми. Во врска со ова Нечас изјави дека тоа било повеќегодишна пракса и самиот тој смета дека не преставува кривично дело.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица