Швајцарија укинува дел од рестриктивните мерки

Од:

Швајцарија денеска почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради Ковид-19, откако не беа оправдани стравувањата дека многу заразниот сој Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем.

Од полноќ се укинува карантинот за лицата за контакт на заразените со коронавирус, соопшти Владата.

Властите препорачуваат доколку е можно граѓаните да продолжат да работат од дома. Сепак, останува условот луѓето кои се позитивни на Ковид-19 да останат во изолација пет денови. Владата предложи да престане тестирањето и собирањето податоци за патниците кои пристигнуваат од странство кои не можат да докажат дека се вакцинирани или дека прележале Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ