Швајцарија на пат да ги легализира истополовите бракови

Од:
Долниот дом на швајцарскиот Парламент денеска го усвои предлог-законот со кој ќе се овозможат истополови бракови во земјата. Мнозинството од пратениците, и покрај противењето на конзервативците, гласаа за законот, кој меѓу другото ќе им дозволи и на лезбејските двојки да користат сперма од донатори.
„Со 132 гласа „за“, 52 „против“ и 13 воздржани, Националниот совет кажа да на вистинската еднаквост”, објави на Твитер организацијата за ЛГБТ права „Пинк крос“.
За да стапи во сила, законот треба да го усвои и Горниот дом на Парламентот.
Швајцарија во февруари донесе закон кој ги штити од дискриминација лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците. Истражување на јавното мислење за „Пинк крос“ покажа дека повеќе од 80 проценти од Швајцарците ги поддржуваат истополовите бракови.
„Во иднина, бракот треба да биде отворен за сите двојки од различен и ист пол, тоа е предлог. Владата го поздравува фактот дека ова ќе ја отстрани денешната нееднаквост,“ изјави министерката за правда, Карин Келер-Шутер.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени