Швајцарија ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Од:

Швајцарија ќе биде посредник меѓу Иран и Саудиска Арабија, откако овие две земји минатата година ги прекинаа дипломатските односи, соопштија властите во Берн.

Владата на Швајцарија ќе ги застапува интересите на Саудиска Арабија во Техеран и на Иран во Ријад. Договорот е склучен одделно во амбасадите на Швајцарија во главните градови на овие две земји.

Саудиска Арабија и Иран ги прекинаа дипломатските односи во јануари минатата година, откако Саудијците егзекутираа истакнат шиитски свештеник. По убиството избувнаа демонстрации, по што беше нападната саудиската Амбасада во Техеран.

Швајцарија често посредувала меѓу земји со меѓусебни спорови, како САД и Куба, а потоа и САД и Иран.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

САД воведоа нови санкции кон Иран

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки