Швајцарија ги зголеми средствата за надомест на невработеност

Од:

Швајцарската Влада одлучи да издвои дополнителни 14,2 милијарди франци (14,71 милијарди долари) за финансирање на осигурување во случај на невработеност, односно за исплата на надомест за невработеност или скратено работно време.

Одлуката е донесена по најавата на Владата дека ќе почне со олеснување на вонредните мерки воведени поради Ковид-19, а со цел на што поголем број луѓе да им се овозможи користење помош за невработеност и скратено работно време.

Со оглед на тоа што вонредните барања за надомест за скратено работно време на самовработени и луѓе во слична позиција, како и за приправници, истекуваат кон крајот на мај, потребно е таквите барања повторно да бидат регистрирани однапред, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ