А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Швајцарија ги замрзна сите средства на Николас Мадуро

by А1он05/01/2026 - 14:20306
Share0

Швајцарската влада ги замрзна сите средства што ги поседуваат во Швајцарија соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговите соработници.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Одлуката има за цел да обезбеди потенцијално нелегално стекнати средства да не можат да се пренесат надвор од Швајцарија, се вели во соопштението на владата, според Swissinfo.

Замрзнувањето стапува на сила веднаш и ќе остане на сила четири години, во исчекување на нова одлука.

Швајцарското Министерство за надворешни работи не прецизираше колку средства поврзани со Мадуро се наоѓаат во Швајцарија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Швајцарската влада соопшти дека замрзнувањето се спроведува поради можноста, откако Мадуро ќе ја изгуби власта, Венецуела во иднина да покрене судска постапка во врска со нелегално стекнатиот имот.

Ниту еден од членовите на сегашната венецуелска влада не е засегнат од замрзнувањето, соопшти владата.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денес беше префрлен во судница во Њујорк, каде што ќе се појави подоцна денес по обвиненијата на САД за шверц со дрога и оружје.

Мадуро беше транспортиран под полициска придружба од затворот во Бруклин каде што е држен откако беше фатен во Каракас за време на викендот, по што беше префрлен со хеликоптер во судница, објавува CNN.

САД ги уапсија Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во воена операција во Каракас околу 2 часот наутро по локално време во саботата. Тие беа однесени во притворниот центар во Њујорк, каде што ќе им се суди по обвинение за шверц со дрога и оружје.

nikolas madurosvajcarija

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Горан Наумовски11/09/2026 - 06:43

Мадуро бара судот во САД да ги отфрли обвиненијата: „Имам имунитет“

Горан Наумовски03/09/2026 - 12:24

Мадуро ги објави првите фотографии од американскиот затвор: „Остануваме силни, Венецуела повторно ќе се роди“

Катерина Ѓуровски30/08/2026 - 19:4030/08/2026 - 21:35

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 08:1330/08/2026 - 09:42

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Горан Наумовски21/08/2026 - 14:35

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали

Горан Наумовски08/07/2026 - 06:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео