Швајцарија ги советува граѓаните да купуваат свеќи и дрва поради проблем со електроснабдувањето

Од:

Граѓаните на Швајцарија треба да набават свеќи за своите домови за случај на повеќечасовни прекини во испораката на електрична енергија, ја пренесува весникот „Noe Züricher Zeitung“ изјавата на Вернер Лугинбил, шефот на националниот енергетскиот регулатор (Елком).

Во Швајцарија веќе за на есен се подготвуваат за проблеми во електроснабдувањето, а на граѓаните им се порачува да бидат подготвени за прекини во испораката во зимските денови.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој, посочувајќи дека предупредувањата на „Елком“ изминатите години не биле примани доволно сериозно.

Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлените реклами.

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал