Шумски пожар беснее западно од Барселона, уништени 1.100 хектари

Од:

Шумски пожар беснее на околу 100 километри западно од Барселона уништувајќи досега 1.100 хектари шума и земјоделско земјиште, соопшти денеска каталонската Комисија за шумарство на Твитер, пренесе ДПА.

Постои загриженост дека ветерот, што вообичаено во регионот почнува околу пладне, дополнително да го разгори пожарот, поради високите температури од околу 30 степени и силната суша.

Од пожарот директно се загрозени 5.000 хектари шума и земјоделско земјшите.

Ова е досега најголемиот шумски пожар годинава во густо пошумениот регион на Каталонија, пишува весникот „Ел периодико“. Пепелта веќе стигна до делови од Барселона, додава ДПА.

Покрај локалните противпожарни единици и единиците за гаснење пожари, во акцијата на гаснење на пожарот од утринава се вклучени и војниците на шпанската армија.

Земјоделците во регионот беа повикани веднаш да ги изораат своите полиња за да создадат бариери против пламенот.

Околу 80 лица од регионот вчера мораа да ги напуштат своите домови од пожарот, за кого се уште не се знае причината за појавувањето.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени