Штрајк на австралиските новинари поради укинување на 125 новинарски места

Од:

Новинарите на новинската компанија „Ферфакс Медија“ стапија во еднонеделен штрајк, незадоволни од одлуката да се укинат 125 новинарски работни места, во три весника на компанијата.

Со ваквото решение се опфатени „Сиднеј Морнинг Хералд“, мелбурншкиот „Ејџ“ и австралискиот „Фајненшл ривју“.

Компанијата е една од најголемите новински куќи во Австралија, а бројот на новинарите што се планира да бидат отпушатени, се смета за еден од најголемите досега.

„Ферфакс Медија“ ја брани својата одлука со падот на тиражите на овие три весника и со намалените приходи на компанијата.

Новинарите и нивните синдикати, меѓутоа, ги отфрлаат ваквите тврдења, и започнаа штрајк што треба да трае до идната среда, за кога е најавен почеток на дебатата за австралискиот буџет, што во оваа земја се смета за најважниот новинарски настан.

Гневот на новинарите е уште поголем што компанијата, заедно со планираното укинување на толку многу новинарски работни места, планира зголемување на бројот на „фриленсерите“ – новинари кои не се вработени и не се врзани за една редакција, туку работат по нарачка или продавајќи го она што го имаат самите обезбедено.

Угледни австралиски новинари и колумнисти застанаа зад штрајкот на новинарите, бранејќи ги ,како што велат, новинарството и својата професија.

– Квалитетното новинарство има потреба да ги зачува сите новинари на нивните работни места – изјави коментаторката Џудит Ајриленд.

Компанијата „Ферфакс Медија“ е главниот конкурент во Австралија на „Њуз Корпорејшн“ на глобалниот новински магнат Руперт Мардок.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он