Штрахе го повика Орбан да формираат заедничка група во Европарламентот

Од:

Лидерот на австриската десничарска Партија на слободата (ФПО), Ханс Кристијан Штрахе го повика унгарскиот премиер Виктор Орбан да формираат заедничка група во Европскиот Парламент.

Повикот доаѓа во време кога партијата Фидес на Орбан се соочува со нови критики од страна на политичари од европската десноцентристичка Европска народна партија (ЕПП), како и од полевите партии кои бараат од ЕПП да ја исклучи Фидес од своите редови.

Политичките партии во Европската унија се реорганизираат во пресрет на европските избори во 2019 година. Од една страна, францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање на широк европски фронт против десничарските партии и ги повика партиите од ЕПП, каде носечка сила е Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, да се дистанцираат од Фидес поради нејзиното спротиставување на отворените граници и активностите на левичарските невладини организации.

Орбан, пак, возврати со засилена соработка со партии кои не се во ЕПП, како што е Лигата на Матео Салвини во Италија.

Орбан денеска треба да се обрати пред Европскиот парламент и се очекува да се соочи со критики од пратеници, како од ЕПП, така и од левицата.

Европарламентот расправа дали да отпочне процедура за санкционирње на Унгарија во рамките на која може да се случи Унгарците да останат без правото на глас во ЕУ. Брисел се обиде да отпочне ваква процедура и против Полска, каде Владата ја формира десничарската партија Право и правда (ПИС), но Унгарија стави вето на овие планови.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он