Што треба да направи Трамп за САД да се повлечат од Париската спогодба?

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп располага со неколку варијатни, со кои САД може да се повлечат од Париската спогодба за борба против климатските промени, покажува истражувањето на членови на Конгресот, јави ДПА.

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја приклучи земјата кон спогодбата, користејќи ги надлежностите на шеф на извршната власт, што им дава слобода на следните претседатели да прават измени без одоберение на Конгресот.

Трамп може еднострано да ги повлече САД, но согласно условите на спогодбата тој не може тоа официјално да го објави до ноември 2019 година.

Наместо тоа може да го стопира статусот на САД согласно Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Таа сепак е одобрена од Сенатот во 1992 година и за нејзино отфрлање може да се активира Конгресот.

Алтернатива за Трамп е едноставно да не ги применува оние аспекти од спогодбата, кои смета дека не се поволни за САД.

Главната причина на Трамп за повлеклувањето од спогодбата е тоа што според него таа има негативен ефект врз американскиот бизнис.

За време на предизборната кампања Трамп глобалното затоплување го нарече измислица, создадена од Кина, со цел оваа земја да се стекне до конкретни предности во однос на САД.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес