Што можат хакерите зад маски да направат на терористите?

Од:

Јутарњи лист – Загреб

Контроверзната хакерска активистичка групација Анонимуси објави војна на Исламската држава која ја презеде одговорноста за бруталните терористички напади кои се случија во Париз минатата недела.

Примајќи ја таа вест, за како што најавија Анонимуси, нивната најголема операција некогаш, милитантите од Исламска држава групата хакери ги нарекоа идиоти.

Со оглед на зголемената активност на Анонимуси по таа изјава, се чини дека ИД заканите на хакерите не ги сфати доволно сериозно. Веднаш по декларацијата, Анонимуси тврди дека успеале да хакираат и да изгасат околу 5500 кориснички сметки на Твитер поврзани со ИД, пренесе The Hacker News.

Анонимуси своите активности поврзани со одмазда за Париз, ги обедини под хаштагот #OpParis (‘Operation Paris’, т.е. Операција Париз).

Претходно хакерите и организациите кои се поврзани со нив рушеа интернетски страници поврзани со ИС и тврдеа дека со хакирање и гасење на нивните страници на социјалните мрежи успешно ги онеспособувале нивните напори при регрутирање на нови членови.
До сега најпознати цели на оваа хакерска организација, која формално нема име и ниту еден член, биле Кју Клукс Клан, Ватикан, Баптистичката црква Вестборо, разни држави па дури и ЦИА.

Дали отфрлувањето на заканите на Анонимуси од страна на ИД е прикривање на реалната загриженост? The Hacker News смета дека ИД добро знае колку Анонимуси се моќни и дека нивните реакции по објавата на војната, се индикација на тоа.

ИД веќе почна да праќа упатства на своите членови по пат на сервисот за размена на пораки Телеграм, за да ја зголемат безбедноста при онлајн делувањето. Имено, ИД ја користи својата присутност на социјалните мрежи за радикализација на младите луѓе, а ударот на таа мрежа може на терористите да нанесе сериозна штета.

Производителот на апликацијата за енкриптирани пораки Телеграм вели дека ќе затвори над 80 тајни канали кои ги користеле припадниците на ИД, пренесе Бизнис Инсајдер. The Atlantic јавува дека моментално постојат околу 46.000 сметки на Твитер, кои се поврзани со ИД и дека секој од нив има просечно 1000 следбеници. ИД исто така утврди и Џихадистичка корисничка поддршка за своите војници за да им биде на услуга при ширење на пропагандата и регрутирање на нови членови во светот.

Со гасење на над 5500 кориснички сметки на Твитер поврзани со ИД во само еден ден по објавата на војната покажува дека Анонимуси мислеле многу сериозно. Освен овие напади, Анонимуси по пат на ‘DDoS’ (‘Distributed Denial od Service’) нападите, ги гаси страниците преку кои ИД собира пари за својата кампања.

Освен тоа, Анонимуси објави и водич за наоѓање на интернет страници поврзани со ИС.

„Наместо само следење и не работење ништо, овие алати и водичи можат да ви помогнат да направите нешто. Вашата помош значи многу и ние ве поттикнуваме на учество во сите активности во рамки на Операцијата Париз‟ – напиша еден член на Анонимуси. Но, британски Индепендент пренесе дека Анонимуси, во голема желба да направат штета на ИД, хакираше а потоа објави профили на социјалните мрежи на корисници кои не се членови на ИД. Оваа вест доаѓа и по сличните проблеми кои групацијата ги имала при објавување на меилови и идентитети на наводни членови на Кју Клукс Клан.

Други хакерски организации ги критикуваа Анонимуси поради ова и ги предупредија дека мора да ги подобрат алатите за верификација на сметките кои ги идентификуваат како терористички или поврзани со терористите.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски