Што ги искриви стеблата во малата шума во Полска

Од:

„Искривена“ или „крива“ шума која се наоѓа покрај градот Грифин во Полска, е позната по своите криви стебла. Иако постојат многу теории кои се обиделе да го објаснат овој феномен, вистинската причина се уште не е позната.

Во оваа шума се наоѓаат околу 400 борови кои растат искривени под агол од 90 степени, а кај повеќето од нив тоа закривување е насочено кон север. Уште почудно е тоа што овие стебла се опкружени со уште поголема шума каде дрвјата растат на вообичаен начин.

Се проценува дека стеблата се засадени околу 1930 година и дека биле стари меѓу седум и десет години кога нешто ги искривило. Ова се некои досегашни објаснувања што би можело тоа да биде.

Некои сметаат дека гравитацијата е причина која стои позади невообичаената форма на дрвјата. Сепак, не постои никаков доказ кој би ја потврдил оваа теорија, а меѓу другото, гравитацијата на предметите ги повлекува надолу, а не на страна.

Нешто поверојатна, но и понатаму многу неверојатна теорија наведува дека големи количества снег ги израмнувале стеблата низ долг временски период додека се уште биле мали. Но, и тоа е многу спорно сценарио, затоа што стеблата во околната шума растат совршено нормално.

Едно од популарните објаснувања на овој феномен е дека во текот на инвазијата на Полска во Втората светска војна, непријателски тенкови поминувале низ шумата и ги срамниле младите стебла со земјата. Стеблата повторно израснале, но искривени. Но, повторно се поставува прашањето зошто е искривен само еден мал дел од шумата?

Исто така, се сомнева дека и човекот е виновник што овие стебла растат на овј начин. Ова објаснување има смисла затоа што сите искривени стебла речиси се идентични. Во тоа време, фармерите саделе стебла кои ги обликувале и користеле за изработка на мебел или бродови.

Гратчето Грифин беше уништено во текот на војната и повторно беше обновено дури во 70-те години од минатиот век, кога на тоа подрачје е изградена електрана.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он