Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Египет е подготвен во блиска иднина да го зголеми извозот на земјоделски производи во Русија, за 30 проценти.
Тој вчера разговараше со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси во Сочи, при што беше договорена активна соработка во област на земјоделството.
Како што пренесе „Итар тас“ околу 40 проценти од потребите на Египет за житни култури, ќе бидат задоволени со увоз од Русија.
-Со оглед на тоа што дури 90 проценти од нашиот увоз од Египет претставуваат земјоделски производи како портокали, компир, кромид и лук, Египет веќе го зголеми тој извоз во Русија за 30 проценти, а подготвен е и за ново зголемување од 30 проценти-изјави Путин.
Е. Г.