Штајнмајер: Заедничка посета на кризните жаришта во Украина

Од:

САД, ЕУ, Русија и Украина треба да испратат високи претставници во заедничка посета на кризните жаришта во Украина, во знак на политичка поддршка на договорот постигнат на 17 април во Женева, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

Вашингтон покажува се поголемо нетрпение бидејќи смета дека Русија не го почитува договорот, што има за цел смирување на ситуацијата во Украина.

Во писмо испратено до Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Штајнмајер нагласува дека на меѓународниот договор од Женева му е потребна видлива политичка поддршка.

Според него, таквата поддршка би можела да биде искажана преку заедничка посета на високо ниво на претставници од САД, ЕУ, Русија и Украина на источните и западните делови на земјата.

Штајнмајер писмото го упати до шефот на швајцарската дипломатија Дидије Буркхалтер, чија земја претседава со ОБСЕ, а копии и до Вашингтон, Брисел, Москва и Киев.

Според договорот од Женева, потпишан меѓу Русија, Украина, САД и ЕУ, илегалните оружени групи треба да бидат разоружани и распуштени.

Вашингтон ја обвинува Москва дека испраќа тајни агенти што ги координираат нередите во источниот дел на Украина. Русија ги демантира овие обвиненија и тврди дека сепаратистите спонтано реагираат на непријателските акции на Киев.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности