Штајнмајер: Ситуацијата во Украина е загрижувачка

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Штајнмајер денеска во Виена оцени дека ситуацијата во Украина е загрижувачка, но изрази надеж дека ќе има нова женевска конференција на која би се пронашло решение за конфликтот во Украина.

Тој на новинарите на виенскиот аеродром „Швехат“ наведе дека состојбата во Укриана секојдневно се влошува и оти крвопролевањето мора да престане.

Штајнмајер допатува во Виена за на аеродром да се сретне со рускиот и украинскиот колега Сергеј Лавров и Андреј Дешчица, кои учествуваа на министерската конференција на Советот на Европа.

Состанокот Штајмајер – Лавров траел околу еден час, а со Дешчица половина час.

Шефотна германската дипломатија се сретна и со претседавачот на ОБСЕ, швајцарскиот министер за надворешни работи Дидие Буркхалтер.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ