Штајнмаер повторно избран за претседател на Германија

Од:

Франк – Валтер Штајнмаер денеска е реизбран за претседател на Германија. За него во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на така наречената сојузна конвенција, составена од пратеници во националниот Парламент и претставници на сојузните покраини.

Штајмајер по реизборот вети дека вториот претседателски мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во претседателската трка учествуваа четворица кандидати. Стефани Гебауер од Сојуз на слободни гласачи Стефани Гебауер освои 58 гласа, кандидатот на левицата Герхард Траберт – 96, додека за кандидатот на Алтернатива за Германија, Макс Оте гласаа 140 членови на конвенцијата.

Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во првата влада на Ангела Меркел, се истакна во својот прв мандат како посредник меѓу конфликтните страни во пристапот кон борбата против пандемијата на Ковид-19. Тој ужива и мнозинската поддршка од граѓаните.

Според аналитичарите, Штајнмаер е претседателот кој успешно ја водеше земјата низ неколку кризи за време на неговиот прв петгодишен мандат, од кои најголемата беше предизвикана од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Штајнмаер: Бенедикт Шеснаесетти беше посредник меѓу религиите

Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

А1он

Штајнмајер: Целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

А1он

(ВИДЕО) Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Катерина Ѓуровски

Основците во Германија се послабо сметаат, читаат, пишуваат

А1он

Штајнмаер и Зеленски ги надминале недоразбирањата околу посетата на Киев

А1он