Штајнмаер: Кризата во Украина се уште не е надмината, но ситуацијата се развива во вистинска насока

Од:

Ситуацијата во Украина продолжува да е тешка, но се развива во очекуваната од Германија насока, изјави денеска во Берлин министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, јави ИТАР-ТАСС.

– Кризата се уште не е надмината, но во последните неколку дена постигнавме одреден успех, како на пример тркалезните маси за национално единство, истакна Штајнмаер.

Според Штајнмаер во моментот во Украина се случуваат очекуваните процеси. За уредување на ситуацијата се уште е потребно некое време и трпение.

Штајнмаер ги повика уште еднаш сите учесници во конфликт да ги продолжат преговорите, додавајќи дека претседателските избори во Украина се клучни за економската и политичката стабилност на земјата.

На изборите ќе учествуваат над илјада странски набљудувачи, што дозволува да се создаде надеж дека процесот на гласање ќе биде максимално транспарентен.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ