Штајнмаер: Исламската држава во Ирак и Левантот покажа дека станала моќна сила

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави денеска дека брзото напредување на сунитските екстремисти во Ирак покажува дека тие стануваат моќна сила, која ќе ги отежне напорите да се спречи поделбата на земјата.

Според него, масовната офанзива на припадниците на Исламската држава во Ирак и Левантот изминатите денови покажала дека таа група достигнала потенцијал, кој го надминува нивото на терористички напади.

– Исламската држава во Ирак и Левантот сега е моќен фактор со кој во иднина ќе мораме да се позанимаваме не само во Ирак, туку и во целиот регион, додаде Штајнмаер.

Германија претходно ги повика своие граѓани да го напуштат Ирак.

Во меѓувреме во Атина грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос изрази загриженост поради бранот насилство во Ирак и го осуди заземањето на конзулатот на Турција во Мосул.

– Бранот насилство и дестабилизација во пријателската земја Ирак претставува предмет за исклучителна загриженост. Најостро го осудуваме заземањето на турскиот генерален конзулат во Мосул и се надеваме дека заложниците набргу ќе бидат пуштени на слобода, а насилството, кое ја загрозува безбедноста, стабилноста и напредокот на ирачкиот народ, итно ќе биде запрено, истакна Венизелос преку соопштение.

Припадници на Исламската држава во Ирак и Левантот ги зазедоа изминатите денови градовите Мосул и Тикрит, при што повеќе од половина милион лица беа принудени да побегнат од своите куќи. Групата се закани дека следни градови кон кои ќе се упати ќе бидат Багдад, Карбала и Наџаф.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски