Поранешниот германски канцелар Герхарт Шредер, кој што е критикуван поради поздравот со рускиот претседател Владимир Путин на својата роденденска забава, рече дека заканите за санкција на Русија се погрешна реакција за украинската криза.
Шредер, кој што беше премиер од 2005 година, веќе долги години има пријателски односи со Путин, а сега е претседател на конзорциумот „Северен тек“,
Тој за „Велт ам зонтаг“ изјави дека Путин не е „персона нон грата“ и дека со санкции и изолации нема да се постигне ништо.
Е. Г.