Шпиони им се закануваат на САД

Од:

Директорот на разузнавачката служба Џејмс Клапер и генерал Реј Одијерно истакнаа дека на САД и се заканува сериозен безбедносен проблем.

Политичкиот судир помеѓу републиканците и демократите поради кој е блокиран буџетот на државата, а со тоа и работењето на владата и финансирање на федералните служби претставува сериозен проблем за безбедноста на Америка во наредниот период.

На тоа предупредија Клапер и Одијерн, истакнувајќи дека голем број службеници кои што се задолжени за безбедност на државата се принудени да заминат на неплатен одмор, поради што на САД им се закнуваат голем број шпиони.

Клепер објасни дека неплатеното отсуство на вработените во разузнавачките служби е реализација на сонот на сите странски шпионски служби.

Официјални лица велат дека околу 70 проценти од сите разузнавачи, вклучувајќи и 4.000 компјутерски експерти ќе бидат принудени да земат неплатен одмор,

-Никогаш до сега не сум видел нешто вакво. Според моето мислење, блокадата сериозно ќе и наштети на безбедноста на целата нација. Тоа има влијание врз нашата способност да им дадеме поддршка на воените сили ширум светот, да ги одржиме добрите дипломатски односи и да ги потпомогнеме творците на нашата политика. Најголема опасност е што сето тоа со времето може да се зголеми. Секој ден ризикот е се поголем-изјави Клапер.

Генерал Реј Одијерн изјави дека колку подолго трае оваа состојба, толку ќе биде полоша.

-Бројот на војската секојдневно се намалува, а со тоа и нејзината способност, особено кога се во прашање прекуокеанските сили. Армијата на САД моментално им дава привремен отказ на сите кои што не се способни, особено на оние кои што директно не учествуваат во операциите, истакна Одијерно.

Причина за блокада на финансиите и работењето на владата е расправата помеѓу Конгресот, кој го застапуваат републиканците и Сенатот во кој главен збор имаат демократите, е финансирањето на т.н. Обамакер-здравствена програма, на која инсистира претседателот на САД, а која што на многумина ќе им овозможи бесплатно лекување.

Обама во среда се сретна со лидерот на републиканците и демократите во Конгресот, но разговорите не дадоа резултати. По состанокот во Белата куќа и двете страни се обвинуваа меѓусебно, поради што договорот за решавање на кризата се уште е некаде далеку.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак