„Шпигл“: Ријад планира снабдување на сириските бунтовници со германски ракети

Од:

Саудиска Арабија планира да ја снабдува сириската опозиција со противавионски ракети во борба против воздухопловните сили на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува денеска германскиот неделник „Шпигл“.

Весникот пренесува доверлив извештај добиен минатата недела од германската разузнавачка служба за странство и германската Влада, нагласувајќи дека станува збор за испраќање рачни фрлачи од типот „мистрал“, МАНПАДС.

„Шпигл“ укажува дека рачните фрлачи со ракети „земја-воздух“ можат да погодат нисколетечки авиони, вклучувајќи и хеликоптери. Истите овие ракети им помогнале на муџахедините во Авганистан во борбата против советската војска во 80-тите години.

Западните медиуми објавуваат дека Саудиска Арабија е клучен сојузник на сириските бунтовници и долго време ги поддржува со обезбедување подобро оружје.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија