Шпигел: Зголемена опасноста од кибер – тероризам

Од:

Екстремистите во Германија, кои до сега користеа оружје и експлозиви, би можеле да преминат на „хакерски напади“, пишува политичкиот неделник „Шпигел“, наведувајќи дека Сојузната криминалистичка служба (БКА) стравува од кибер-тероризам и предупредува на опасноста од исламистите повратници од Сирија.

Од доверлив извештај на БКА, во кој имало увид списанието, експертите предупредуваат дека екстремистичките хакери би можеле да продрат во чуствителните мрежи и критичните инфраструктура и тука да изведат опасни манипулации.

Од БКА предупредуваат дека не треба да се испуштат од вид опциите на дејствување на идеолошки обоени извршители и дека, исто така, таканаречените 3Д печатачи мораат да бидат истражени.

При тоа се предупредува и на „индивидуалните џихадисти“ и се оценува дека исламистите, кои се вратиле од Сирија можат да претставуваат потенцијално голем ризик.

БКА смета дека на десната сцена е можно формирање на терористичка организација која би имала за цел напади на странци или претставници на држави и оти неонацистите, генерално гледано, се подготвени на насилство.

За неонацистичката сцена се тврди дека располага со доста голем број на оружје и муниција.

Левичарите се претежно мирни, но еден дел од тој корпус е подготвен за насилство се наведува во извештајот на БКА и се укажува дека, и покрај тоа, овде не се препознава терористичка димензија.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он