„Шпигел“: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ доколку Јункер биде избран за претседател на ЕК

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон, предупреди дека неговата земја може да ја напушти Европската унија, доколку поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, стане следниот претседател на Европската комисија, објави денеска германскиот весник „Шпигел“.

Наведувајќи извори блиски до учесниците на самитот на лидерите на ЕУ оддржан во вторникот, германскиот весник пишува дека Камерон ја предупредил германската канцеларка Ангела Меркел, која го поддржува Јункер за местото шеф на Комисијата.

Камерон, како што наведува „Шпигел“, на Меркел и кажал дека поставувањето на Јункер на таа функција ќе ја „дестабилизира неговата влада до таа мерка што може да доведе до референдум за излез од ЕУ“, што веројатно како резултат ќе има одлука на народот земјата да го напушти блокот.

„Личност од 80-тите не може да решава проблеми во следните пет годино“, рекол Камерон, наведува германскиот весник.

Француските медиуми наведуваат дека Камерон е особено загрижен за Јункер, европски федералист, откако неговата партија доживеа голем пораз од евроскептичкиот УКИП, на европските избори.

Камерон веќе вети дека во 2017 гопдина ќе оддржи референдум за членството на Велика Британија во ЕУ.

Портпаролот на Даунинг стрит не сакаше да го коментара написот на „Шпигел“, изјавувајќи дека се уште е прерано да се даваат било какви коментари за потенцијалните кандидати за Европската комисија.

Меркел вчера изјави дека Јункер ќе биде следниот претседател на Европската комисија кој ќе го наследи Жозе Мануел Барозо. Ова беше најконкретно изнесен став на Меркел до сега за кадровските решенија на чело на ЕК, а лидерите од ЕУ најавија дека при изборот на новиот претседател во предвид ќе ги земат и резултатите од неодамна оддржаните избори за Европскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство