Актуелниот германски министер за одбрана Томас де Мезијер е кандидат кој има најголеми шанси да биде нов генерален секретар на НАТО, по истекот на мандатот на актуелниот секретар Андерс Фог Расмусен во летото 2014 година, објави „Шпигел“.
Германскиот весник наведува дека 59-годишниот Мезијер по сојузните изборите би можел да се кандидира за функцијата генерален секретар на НАТО и оти има најголеми шанси меѓу досегашните евентуални кандидати .
Како можни кандидати се спомнуваат и поранешниот полски министер за одбрана и сегашен шеф на дипломатијата Радослав Сикорски, кој за американската администрација е премногу непријатен, потоа италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, кој важи за човек на Силвио Берлускони, но и не е активен шеф на ресорот. Меѓу можните кандидати се спомнува и белгискиот министер за одбрана Пјер де Крем, кој е еден од најискусните политичари.
Но, Мезијер има поголеми шанси бидејќи Германија е втор по големина финансиер на НАТО по САД.
Последен Германец кој раководеше со НАТО од 1988 до 1994 година беше демохристијаниот Манфред Вернер.