„Шпигел“: САД ги прислушувале и канцелариите на ЕУ, Шулц „шокиран“

Од:

САД ги прислушувале канцелариите на ЕУ и влегувале во интерните компјутерски мрежи, тврди германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на таен документ.

Станува збор за последното во серијата откритија за наводната американска шпионска програма, а на овие обвинувања итно синоќа реагирал претседателот на Европарламентот Мартин Шулц, барајќи итна истрага.

„Шпигел“ го цитира извештајот на американската Национална агенција за безбедност од септември 2010 година, под ознака „строго доверливо“, до кој дошол Едвард Сноуден.

Во документот се опишува како американската служба ги озвучила просториите на ЕУ во Вашингтон, како и во ОН, и не само што слушале живи и телефонски разговори, туку имале и пристап до документите и електронската пошта. Исто така, на листата на прислушувани објекти е и седиштето на Европскиот совет во Брисел, наведува весникот.

Во извештајот ЕУ се означува експлицитно како „мета“. Шулц остро и итно реагираше на оваа приказна, нагласувајќи во своето соопштение дека е „шокиран и сериозно загрижен“ поради извештајот.

– Ако се точни наводите, тогаш тоа е исклучително сериозно прашање, кое ќе има многу сериозни последици врз односите меѓу САД и ЕУ. Во име на Европскиот парламент барам целосно разјаснување и истрага за овие информации, нагласува Шулц.

Поранешниот соработник на американската служба Сноуден го разбранува светот со објавувањето на повеќе документи кои сведочат за шпионските програми на САД.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он