Американски и британски разузнавачки агенции имаат можност тајно да пристапуваат до информации кои ги поседуваат германски и телекомуникациски гиганти, пренесува неделникот „Шпигел“.
Американската Национална агенција за безбедност (НСА) и нејзиниот британски пандан GC HQ со помош на програмата позната како „Мапа на богатство“ доаѓаат до инфомации кои германските телекомуникациски компании ги поседуваат на индивидуалните компјутери и паметните телефони.
„Мапа на богатство“ за која минатата година пишуваше и „Њујорк тајмс“ врз основа на податоците кои ги откри Едвард Сноуден, може да собере меѓу 30 и 50 милиони адреси кои Интернет провајдерите ги поседуваат – информации кои го откриваат сопственикот и моменталната локација на компјутерот или мобилниот уред.
„Шпигел“ предупредува дека тие информации можат да бидат употребени за планирање на софистицирани сајбер напади.
Според неделникот, на мета на нападите може да се најдат најголемите германски телекомуникациски компании како „Дојче телеком“, „Нетколонја“, „Стеларад“.