„Шпигел“ ја брани својата насловна страна со Доналд Трамп

Од:

Германскиот магазин „Шпигел“ застана во одбрани на насловната страна на своето последнио издание, каде претседателот на САД, Доналд Трамп е прикажан како со нож ја обезглавува Статуата на слободата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според главниот и одговорен уредник на магазинот, насловната страна била реакција на „заканите против демократијата“, а според авторот на карикатурата Едел Родригез, таа претставува „обезглавување на демократијата“.

– „Шпигел“ не сака да провоцира никого. Ние сакаме да покажеме дека се работи за загрозување на демократијата, слободата на печатот и правдата. Значи ние ја браниме демократијата. Дали се ова серизни времиња? Да живееме во сериозно време, изјави главниот и оддговорен уредник на магазинот Клаус Бринкбаерумер.

На фотографијата објавена во последното издание на „Шпигел“ во саботата, покрај карикатурата на Трамп, кој во едната рака држи нож, а во другата главата на Статуата на слободата, стои и пораката „Америка прва“.

Дел од германските политичари, како Александар Ламбсдорф од Слободната демократска партија (ФДП), сметаат дека насловната на „Шпигел“ е „невкусна“.

За весникот „Велт“ насловната му штети на новинарството, а според „Фракфуртер Алгемајне Цајтунг“, тоа е она што му е потребно на Трамп, да ја извитопери сликата за него, за потоа да може да ја изврти сликата за медиумите.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски