Шпанските власти предупредија дека забележале манипулации со информации во врска со каталонската криза на социјалните мрежи кои доаѓаат од Русија.
Тие побараа за ова да се разговара на Советот на Европската унија за надворешни работи во понеделник.
Како што кажа министерката за одбрана на Шпанија, Марија Долорес де Коспедал, многу пораки и мешања на социјалните мрежи доаѓале од руска територија, но не кажа дека не мора да значи дека станува збор за руската влада.