Шпанските власти подготвени за судењето на каталонските сепаратисти

Од:

Шпанија се подготвува за најчувствителниот судски процес во последните неколку децении, во кој десетина каталонски сепаратисти се соочуваат со различни обвиненија, вклучувајќи ги и оние за бунт за време на неуспешниот обид за отцепување кон крајот на 2017 година.

Судењето, кое започнува денес, ќе биде емитувано во живо на телевизија, а сите очи ќе бидат фокусирани на непристрасноста на шпанскиот Врховен суд, објави агенцијата АП.

Каталонските сепаратисти, уште пред судењето го доведоа во прашање кредибилитетот на судот, тврдејќи дека тој е марионета во рацете на шпанската влада и дека пресудата ќе биде политички мотивирана, односно e веќе однапред одредена.

Ваквите обвинувања беа отфрлени од претседателот на Врховниот суд, Карлос Лесмес, кој рече дека овој процес е најважен од преминувањето на Шпанија кон демократија во 1977 година, по смртта на диктаторот, Франциско Франко.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 година се одржа референдум за независност и покрај забраната што ја наметна Уставниот суд, а на 27 октомври беше прогласена независност и покрај предупредувањата на шпанската влада.

Кризата продолжи по изборите кои се одржаа на 21 декември истата година во таа шпанска провинција, при што се покажа поделеноста на каталонското општество по прашањето за независност.

Се очекува судењето да трае најмалку три месеци, а одлуката да се донесе уште неколку месеци потоа.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата