Фајненшел тајмс – Лондон
Шпанскиот премиер Маријано Рахој би требало да се чуствува инспириран од шансите да си ги поврати позициите на општите избори на крајот на годинава. Кога неговата десноцентристичка Народна партија ги доби изборите во 2011 година, Шпанија во голема мера беше сметана за членка на еврозоната чии проблеми најверојатно ќе ја намалат вредноста на единствената валута. Денес таа е една од најбрзорастечките економии во блокот, со прогнози за пораст на БДП од три проценти за годинава. Додека се продлабочуваше грчката драма, владата на Рахој ги следеше настаните со извесна смиреност, што претходно не би било ниту замисливо.
И покрај тоа, перспективите на Рахој за изборите не се толку јасни колку тој би сакал. Во испитувањата на јавното мислење, неговата партија има мала предност пред социјалистичката опозициија, а рејтингот на самиот премиер е намален. Ако треба да се бори за да си ја задржи власта, тоа најмногу ќе биде заради претераната поделеност на шпанскиот политички пејсаж, во кој се појавија две нови партии – Подемос (Ние можеме) и Сиудаданос (Граѓанин), конкурентки но кои соработуваат за поддршка во крајнолевиот простор и во центарот. Но проблемите се гледаат и во фактот дека многу шпанци не се сигурни дали трајно ќе биде на сила економското закрепнување.
Рахој заслужува доверба заради реформите кои придонесоа да се даде поттик на животниот стандард. Во 2012 година, тој го потресе шпанскиот пазар на трудот затоа што направи да биде пофетино за компаниите ослободување за работниците кои имаат постојано вработување. Неговата влада го рекапитализираше и реформираше банкарскиот систем во земјата кога тој беше во клапс. Рахој направи реформи кои беа доволни да порасне конкурентноспособноста на Шпанија, намалувајќи го корпоративниот данок годинава од 30 на 25 проценти за 2016 година.
Но владата не можеше да си ги припише сите заслуги за позитивниот пресврт. На почетокот, опоравувањето беше потпомогнато во огромна мера од надворешни фактори кои беа вон контролата на Рахој. Слабото евро помогна за пораст на шпанскиот извоз. Намалувањето на цените на нафтата беше особено позитивно за земјата која ја увезува сета неопходна електроенергија од странство. Воведувањето на зголемените квоти од Европската централна банка дадоа дополнителен проттик. Ако тенденцијата на Шпанија за силен раст остане, земјата ќе треба да се надева побарувачката во еврзооната да не се намали.
И поддржувачите на Рахој треба да признаат дека иако главните показатели за растот се високи, многу Шпанци не можат да почувствуваат некој посебен ефект од економското опоравување. Бројот на невработните се намалува, но нивото на невработеноста – 22 проценти – останува висок за ЕУ, по она на Грција. Многу невработени се надвор од пазарот на трудот повеќе од две години. Податоците за неврабтеноста, особено меѓу младите Шпанци, се многу високи за една развиена европска економија, и остануваат петно за репутацијата на владата.
Во следните месеци, Шпанија ќе се соочи со нови предизвици кои се закануваат на економската стабилност и не за последен пат ќе го изложат економското опоравување на ризик. Општите избори може да не донесат категоричен резултат заради влезот на помалите партии, како Подемос и Сиудаданос. Изборите за парламент во Каталонија следниот месец во пракса ќе значат како референдум за независност кој може да преизвика уставни нарушувања, ако сепаратистичките партии добијат мнозинство.
Овие ризици на хоризонтот всушност не треба да се одразат на позитивната оценка на постигнатото во Шпанија во последните четири години. Смелите економски реформи на владата на Рахој, потпомогнати од учеството на ЕЦБ, и дозволија на Шпанија да ја негира раширената првенствена прогноза дека земјата може да стане најзаостаната членка на ЕУ од економска гледна точка. Постигнатиот од неа пресврт е лекција – при тоа и не само за Грција – дека останувањето во еврозоната не ја амнестира една земја од економска пропаст.