Шпанските пошти забранија примање и испорака на материјали за референдумот во Каталонија

Од:

Националната поштенска служба на Шпанија „Кореос“ ги предупреди денеска директорите на поштите во Kаталонија да не примаат, ниту испорачуваат, материјал поврзан за референдумот за независност кој треба да се одржи на 1 октомври.

По затворањето на референдумскиот сајт тој повторно е во функција, а каталонските власти денеска официјално ја почнуваат кампањата.

„Кореос“ во електронската пошта до директорите „ги потсетува работниците дека не можат административно да соработуваат со организаторите на референдумот“ и прецизирано е дека ниту еден вработен не смее да ракува со изборниот материјал, вклучувајќи и инструкции за организаторите и мапи на избирачките места, бидејќи „имаат обврска да го почитуваат законот“.

Се наведува дека шпанската Влада останува при ставот дека референдумот за независност на Каталонија е неуставен и нелегален, најавувајќи дека ќе ги искористи сите достапни правни средства за да го спречи неговото одржување.

Според пишувањето на весникот „Паиса“, каталонската влада веќе има подготвено алтернативи за дистрибуција на изборниот материјал, кои треба да ги заменат услугите на националните пошти.

Тензиите меѓу каталонските и шпанските лидери се зголемуваат, бидејќи претседателот на Каталонија, Карлос Пуџдемон се подготвува денеска да ја започне референдумската кампања во градот Тарагона. Тој во телевизиско интервју изјави дека Владата во Мадрид создала „клима на непријателство и параноја“.

Шпанската полиција, исто така, доби наредба да ги спречи подготовките за гласање, а секој што ќе соработува во организирање на референдумот ќе сноси правна одговорност.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата