Врховниот суд на Шпанија в понеделник ќе донесе одлука дали десетмината каталонски сепаратистички политичари и активисти и натаму ќе останат во притвор или ќе бидат пуштени да се бранат од слобода.
Потпаролот на Судот, Пабло Љарена денеска изјави дека в понеделник ќе биде донесена одлука дали осумтемина членови на разрешената каталонска влада, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Ориол Жункерес, и лидерите на граѓанските организации Каталонско народно собрание и Омниум Културал, и натаму ќе останат во притвор.
Десетмината каталонски лидери се осомничени за бунт и организирање бунт, поради едностраното прогласување независност на шпанскиот автономен регион Каталонија кон крајот на октомври.