Шпанскиот Врховен суд денеска информираше дека го повлекува налогот за апсење на разрешениот претеседател на регионалната Влада на Каталонија Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, заедно со уште неколкумина најблиски соработници.
Пуџдемон, членовите на неговата Влада и дел од членовите на каталонскиот Парламент беа обвинети за бунт против Шпанија, при што дел беа притворени во Мадрид, а дел му се придружија на Пуџдемон во Белгија.
Врховниот суд денеска информираше дека барањето за притвор се повлекува со што на обвинетите ќе им се овозможи да учествуваат на изборите закажани за 21 декември.