Шпанскиот Врховен суд го повика Пуџдемон да сведочи в четврток

Од:

Врховниот суд на Шпанија денеска ги повика разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон и 13 членови на неговата администрација, в четворток да се појават на сослушување, во рамките на истрагата што се води против нив под обвинение за бунтот, поради прогласувањето на независност на Каталонија.

Судијката Кармен Ламела наведе деја групата разрешени членови на каталонската Влада треба да се појави во Судот во Мадрид на 2 ноември во 9.00 часот, на сослушувањето кое ќе трае до петок.

Шпанското државно Обвинителство вчера објави дека иницирало против Пуџдемон и останатите разрешени регионални претставници да бидат покренат обвиненија поради бунт, поттикнување на бунт и проневера на фондови, со што им се заканува затворска казна од повеќе од 30 години.

Пуџдемон и неколкумина каталонски претставници се наоѓаат во Брисел, од каде каталонскиот лидер денеска порача дека ќе се врати „веднаш дома“, доколку Шпанија му гарантира фер судиски процес.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата