Шпанскиот Уставен суд го блокира планот на Каталонија за референдум за независност

Од:

Шпанскиот Уставен суд привремено ги блокира плановите на каталонската регионална Влада за финансирање на референдумот за независност во текот на оваа година, што претходно правно го оспори и шпанската Влада.

Суспензијата на каталонските планови, за почеток, ќе траат пет месеци, додека Уставниот суд не ја разгледа тужбата од шпанската Влада и не донесе одлука, денеска соопшти овој суд, пренесоа американските медиуми.

Во текот на изминатите неколку години дојде до сериозно влошување на односите меѓу Каталонија и централната шпанска Влада заради барањето на Каталонија за оддржување изјаснување на граѓаните на оваа покраина за независност, што е спротивно на шпанскиот Устав.

Каталонија тврди дека во септември ќе оддржи обврзувачки референдум и одредбите за гласање ќе ги вклучи во своите планови за расходите за 2017 година, што ги претстави минатиот месец.

Анкетите покажуваат дека 7,5 милиони Каталонци, колку што вкупно има, се подеднакво поделени за прашањето на независноста, иако повеќето ја поддржуваат идејата за оддржување референдум.

Овој регион, со Барселона како главен град, обезбедува петтина од шпанскиот БДП, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата