Шпанскиот свештеник заразен со ебола префрлен во Шпанија

Од:

Шпанскиот свештеник, кому му е дијагностицирана ебола, со која се заразил додека работел во Сиера Леоне допатува назад во Шпанија и е сместен во болницата Карлос Трети во Мадрид, соопштија шпанските власти.

Мануел Гарсиа Виехо, кој работел како директор на болницата Сан Хуан де Пиос во градот Лунсар во Сиера Леоне пристигна денеска нешто по три часот наутро во Шпанија со специјално опремен воен авион.

Министерството за здравство соопшти дека овој 69-годишен свештеник изразил желба да биде вратен во Шпанија, откако резултатите од тестирањето покажале дека е позитивен на ебола.

Тој е вториот шпански мисионер, заразен со ебола. Пред него од оваа болест заболе Мигел Пахарес (79), кој беше префрлен од Либерија во Шпанија, но почина на 12 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски