Шпанскиот премиер бара продолжување на вонредната состојба

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска рече дека на неговата земја ѝ се потребни дополнителни 15 дена вонредна состојба, што би траела до 21 јуни, за „дефинитивно да се стави крај на здравствената криза“ предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Според тоа, Санчез оваа недела ќе побара од Парламентот ново, шесто продолжување на вонредната состојба, ограничувајќи го движењето и собирањето на 47 милиони жители.

„Напрадувавме многу. Но, ќе ни треба уште едно, последно продолжување на вонредната состојба, за да го завршиме она што го започнавме, рече Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Владата има намера да ги релаксира мерките воведени на 14 март преку четири фази.

Денеска 70 проценти од населението влезе во втората фаза, во која нема утврден дневен распоред за излегување на прошетка, дозволено е да се собираат до 15 лица и сите трговски центри, без оглед на големината, може да бидат отворени.

Најголемите градови, Мадрид и Барселона, кои се и најпогодени од вирусот, останаа во првата фаза.

По 21 јуни, жителите на Шпанија би можеле слободно да се движат во секоја од 17-те автономни провинции, а од 1 јули ќе им биде дозволено да патуваат низ целата земја. Тогаш Шпанија има намера да ги отвори своите граници за странските туристи.

Во Шпанија од Ковид-19 беа заразени 239.430 жители, а починаа 27.127 лица.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени